Помпео: НАТО се зајакнува колосално со влезот на Македонија


Американскиот државен секретар Мајк Помпео на средба со новинарите  изјави дека со влезот на нашата земја  Алијансата се зајакнува „колосално“.

-Ова е уште еден доказ за земјите што знаат дека сојузништвото со слободните нации на Западот е најдобар начин да се постигне безбедност, стабилност и просперитет за својата нација, истакна Помпео.