Помалите оброци се поважни од времето на јадење
Приврзаниците на наизменичното постење веројатно нема да бидат среќни поради оваа вест: студијата објавена пред неколку дена во Журналот на Американското здружение за срце покажа дека учесниците кои јаделе помалку во текот на подолг временски период изгубиле тежина, за разлика од учесниците кои внимавале само на времето кога треба да го изедат својот оброк, а не и неговатаколичина.
Ова истражување го потврдува она што веќе го знаевме, и што вели здравиот разум: вкупниот број на потрошени калории игра важна улога во контролирањето на телесната тежина. Изненадување е што истражувачите овде открија дека наизменичното постење (т.е. оставање голема празнина помеѓу последниот оброк во денот и првиот од следниот ден) нема никакво влијание врз губењето на тежината.
Но, во оваа 6-годишна студија на 550 возрасни лица, беше откриено дека честотата и големината на оброците се поврзани со губење на тежината. Едноставно, резултатите од ова истражување укажуваат на следново: ако јадете многу, без разлика колку време ќе помине помеѓу првиот и последниот оброк, веројатно нема да ослабете; додека, ако ги намалите оброците и вкупниот број калории што ги внесувате, многу е поголема веројатноста да изгубите тежина.
Ова истражување исто така покажа дека повеќекратните помали оброци во текот на денот се подобри за губење на тежината од неколку големи. Се покажа дека учесниците во оваа студија кои јаделе неколку обилни оброци во текот на денот (голем оброк: повеќе од 1000 калории) или средни оброци (од 500 до 1000 калории) во период од 6 години имале поголема веројатност да се здебелат – со други зборови, дека таквата диета не е погодна за губење на тежината.
Меѓутоа, луѓето кои јаделе повеќе помали оброци (проценето на помалку од 500 калории) во текот на денот во период од 6 години, изгубиле тежина.