Помалиот син на Мицкоски е меѓу затруените ученици во „Димо Хаџи Димов“
Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е меѓу затруените ученици со храна во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, потврди за СДК.мк, Марија Митева, портпаролката на Владата.
Тој и соучениците се чувствуват подобро.
„Точно е дека и детето на премиерот е меѓу затруените со храна што ја конзумирале учениците во ОУ „Димо Хаџи Димов“. И тоа беше беше меѓу хоспитализираните деца, но сега е пуштено на домашно лекување. Им посакуваме на сите деца од училиштето кои добија труење од храна што поскоро да оздрават, да им помине и да се вратат назад на училиште“, изјави Митева.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), заедно со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, денеска спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје.
Акцијата следи по утринското известување дека повеќе ученици се пожалиле на стомачни болки. За да се утврди евентуалниот извор на труење со храна, кујната е привремено затворена.