Помал авион падна врз куќа во САД, четворица мртви
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/05/avion-srusen.jpg)
Помал авион вчера вечера падна врз куќа во Хатисбург, во американската држава Мисисипи, при што загинаа четворица, соопшти полицијата.
„Може да потврдиме дека имаме вкупно четири смртни случаи„, рече портпаролот на полицијата, пренесе Си-ен-ен.
Малиот авион удрил во семејна куќа околу 23.20 часот, наведе полицијата, а не се знае зошто авионот паднал.