Полските научници открија ген кој го удвојува ризикот од сериозен КОВИД


Полските научници пронајдоа ген за кој велат дека повеќе од двојно го зголемува ризикот од сериозно заболување од КОВИД-19, откритие за кое се надеваат дека може да им помогне на лекарите да ги идентификуваат луѓето кои се најзагрозени од оваа болест.

Бидејќи колебливоста на вакцината е главен фактор зад високите стапки на смртност од коронавирус во централна и источна Европа, истражувачите се надеваат дека идентификувањето на оние кои се изложени на најголем ризик ќе ги поттикне да се вакцинираат и ќе им даде пристап до поинтензивни опции за третман во случај на инфекција.
„По повеќе од една и пол година работа, беше можно да се идентификува ген одговорен за предиспозиција за сериозно заболување (со коронавирус)“, рече министерот за здравство Адам Ниџиелски.

„Ова значи дека во иднина ќе можеме да… идентификуваме луѓе со предиспозиција сериозно да страдаат од КОВИД“.

Истражувачите од Медицинскиот универзитет во Бјалисток открија дека генот е четвртиот најважен фактор што одредува колку сериозно човек страда од КОВИД-19, по возраста, тежината и полот.
Генот е присутен кај околу 14 отсто од полската популација, во споредба со 8-9 отсто во Европа како целина и 27 отсто во Индија, рече Марцин Мониушко, професор задолжен за проектот.

Други студии, исто така, ја покажаа важноста на генетските фактори за тоа колку сериозно се развива КOVID-19.

Во ноември, британските научници рекоа дека идентификувале верзија на ген што може да биде поврзан со двојно поголем ризик од откажување на белите дробови од КОВИД-19. (Ројтерс)