Полски доктор се самоубил заради навреди на социјалните мрежи околу коронавирусот


 Познатиот полски доктор Војчиех Рокита синоќа починал во болницата во Киелце во која бил директор, пишуваат утринава полските медиуми. Рокита го водел гинеколошкиот оддел, а иако бил заразен со коронавирус по враќањето од странство, тоа, сепак, не била причината за неговата смрт.

Имено, Максимилијан Матерна, пријател на семејството на докторот, објави видео на социјалните мрежи во кое објаснува дека докторот Рокита се самоубил заради бројните пораки со омраза што ги примил во последните денови.

Рокита, заедно со остатокот од неговата болница, ја уверувал јавноста дека немал контакт со ниту еден пациент и остатокот од персоналот, но бројни корисници на социјалните мрежи не му верувале, па затоа и го навредувале и на социјалните мрежи и пред болницата .

Семејниот пријател Матерна ангажирал адвокат за да испрати барање до државното обвинителство во Киелце за да се истражи што се докторот правел во последните денови.

-Нашето мислење е дека бранот омраза е единствената причина зошто докторот го стори самоубиството, напомена адвокатот на Матерна и додаде дека ќе се обиде сето ова да го докаже.