Полски автобус се преврте во Унгарија -12 лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени
Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус падна од автопатот М3 во Унгарија синоќа, објави утрово унгарскиот премиер Петер Маѓар.
Автобусот паднал во канал и се превртел рано наутро во недела во близина на градот Мецекерешто во источна Унгарија, објави државната новинска агенција МТИ.
Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус се лизна од автопатот М3, објави унгарскиот премиер Петер Маѓар на Фејсбук утрово .
Спасувачките служби извлекоа 35 повредени лица од автобусот.
Според унгарските медиуми, во туристичкиот автобус имало 57 патници и двајца возачи.