Полска се заканува на ЕУ: Ако не ни ги исплатите парите, ќе го извлечеме целиот арсенал оружје


 

Полска ќе ѝ возврати на Европската Унија ако не им се исплатат парите наменети за опоравување од пандемијата со корона вирусот, рекоа денеска владејачкит еполски политичари откако Брисел сигнализираше дека не е задоволен со правосудните реформи на Варшава.

Повеќе од 35 милијарди евра ставени се на чекање поради спорот межу Брисел и Варшава, околу правосудната реформа за која ЕУ тврди дека ги крши демократските стандарди.

ЕК одобри средства за Полска во јуни, но Урсула фон дер Лајен во текот на посетата на Полска рече дека земјата мора да пораоти на владеењето на правото.

„Ако има обиди за блокада, немаме избор туку да ги извлечеме сите оружја од арсеналот“

Владејачката партија Право и правда објави дека целта на реформата на правосудството е да го направи системот поделотворен , отфрлајќи да се мепа во судовите од политички причини.

„Ако ма обиди за блокада на исплатат, а Европската комисија се обиде да направи притисок врз нас, немаме избор туку да ги извлечеме сите оружја од арсеналот и да одговориме со баражен оган“, рече за полското радио Кристоф Соболевски, генералниот секретар на партијата.

Но, не прецизира што значи тоа.

Одбивањето на Варшава да се согласи на европските барања околу правосудството покрена критики од опозицијата дека владејачката партија всушност сака Полска да ја извлече од ЕУ, што владата го отфрла.