Полска подигна авиони по рускиот напад врз Украина


Полската армија објави дека ги започнала сите неопходни процедури за обезбедување на воздушниот простор на земјата, откако утринава беше забележана интензивна активност на руската авијација со долг дострел.

Како што е објаснето, тоа е поврзано со ракетните напади утринава на територијата на Украина, а „Оперативната команда на вооружените сили на Полска континуирано ја следи ситуацијата, наведуваат полските медиуми.

Во соопштението се наведува и предупредување до населението дека се активирани полските и сојузничките авиони и дека тоа може да го зголеми нивото на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата.

 Русија утрово изврши нови ракетни напади врз Киев и други украински градови, при што едно лице загина во јужниот дел на земјата.