Полска ќе и испорача на Украина 14 борбени авиони МиГ-29


Полскиот претседател Анджеј Дуда најави дека неговата земја ќе и испрати 14 борбени авиони МиГ-29 на Украина.

Украина ги доби четирите наведени авиони и очекуваше испорака на уште четири, а сега Дуда потврди дека планира да испорача дополнителни шест авиони.

Институтот за проучување на војната (ISW) претходно напиша дека украинските воздухопловни сили веќе управуваат со овие борбени авиони, што значи дека ќе можат да ги користат и во операции за противнапад.