Полска ги заострува мерките против ширењето на корона вирусот
Полска од денеска ги заострува мерките против ширењето на корона вирусот и во наредните денови ќе отвори дополнителни ковид болници за справување со зголемениот број случаи на инфекција, најави полската Влада.
Мерките, според кои сите спортски активности се одложени, затворени се музеите, хотелите, базените и продавниците кои не продаваат основни производи, стапија на сила денеска и ќе траат три недели.
Полскиот министер за здравство Адам Ниџиелски ја наведе британската варијанта на вирусот како причина за зголемувањето на бројот на заразени од Ковид-19, велејќи дека „поинфективната варијанта на корона вирус е одговорна за 60 до 80 проценти од сите нови случаи“.
Владата наведува дека се очекува бројот на пациенти со Ковид-19 кои се на болничко лекување речиси двојно да се зголеми.