Половина од кандидатите за претседател на ДПМ се пишманија и се повлекоа од трката

Се наближува денот кога Друштвото на писателите на Македонија ќе го изгласа и објави новото раководство, откако претходно сите членови поднесоа оставка.
Во трка за Претседател на Друштвото на писателите на Македонија беа: Живко Гроздановски, Гоце Ристовски, Мирче Нешовски и Блаже Миновски, меѓутоа Гоце Ристовски прв ја повлече кандидатурата на 13 ноември, а набрзо потоа и Живко Гроздановски. Сега остануваат двајца да се борат за титулата Претседател на Друштвото на писатели на Македонија: Мирче Нешовски и Блаже Миновски.
За разлика од оваа трка, за претседател на Собранието на ДПМ има двајца кандидати: Стефан Марковски и Иван Антоновски.