Полни контејнери ги дочекаа гласачите


Денешниот изборен ден во општина Аеродром поминува со негодувања на жителите на една од најголемите општини во Македонија за несобрано ѓубре и смрдеа која се шири цел викенд.

Изборниот ден кој треба по сите дефиниции да биде свечен се претвори во мизерно искуство на аеродромци, посебно затоа што најголем дел од контејнерите се поставени во близина на избирачките места.

Аеродром денес избира кој во следните четири години ќе ја предводат и општината и Град Скопје.

Скопје удавено во ѓубре: Покрај какви контејнери ќе поминеме в недела за гласањето?