Полициско возило се судрило со автомобил полн мигранти


Возач на автомобил полн мигранти избегал откако се судрил со полициско возило на наплатна рампа во близина на Скопје.
Вчера во 19.50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, кај наплатната рампа Романовце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено меган“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од непознат возач.

По незгодата, возачот на возилото „фолксваген пасат“ го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени осум мигранти од Пакистан.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово во присуство на инспектор од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот