Полицискиот час не го почитувале 46 лица, од нив 41 се приведени

Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Од МВР информираат дека по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 113 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.