Полициски час во Чиле по прекин на струја низ целата земја


Владата на Чиле вчера воведе полициски час поради прекин на електричната енергија што ја зафати речиси целата земја.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицискиот час ќе биде во сила помеѓу 22 и 6 часот наутро од северниот регион Арика и Паринакота, кој граничи со Перу и Боливија, до регионот Лос Лагос на југ. Погодената област зафаќа повеќе од 3.000 километри.

Весникот Ла Терцера јави дека околу 98 отсто од домаќинствата синоќа биле без струја.

Министерството за одбрана соопшти дека 3.000 војници ќе бидат распоредени на улиците за да се гарантира безбедност.