Полициски час и во Косово – сè се затвора


 

Владата во Приштина денеска одобри нови антиковид мерки, кои подразбираат ноќен полициски час, сопирање на работата на угостителските објекти и онлајн настава.

Забраната за движење на граѓаните ќе важи од 22 до 5 часот наутро, освен во итни случаи.

Јавните и приватните институции на предуниверзитетско образование ќе држат онлајн настава од 12 до 18 април, а универзитетските установи од 6 до 18 април.

Угостителските објекти треба да сопрат со работа од 7 до 18 април а дозволена е само достава на храна, пренесе Косово онлајн.

Носење маски е задолжително, во сите случаи освен при возење со членови од семејствто, на трчање или возење велосипед, или ри шетање надвор од населено место.

Забрането е и собирање на повеќе од четири лица од исто семејство.