Полициска „шкода“ се судри со две возила, повреден 21-годишник
Возач на возраст од 21 година е повреден во сообраќајка меѓу две возила и полициска „шкода“ која се случила во вчера попладне.
На 09.04.2023 во СВР Скопје бил пријавено дека во 01.45 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(21) од с.Бардовци, скопско, патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Н.(27) од Скопје и патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.