Полициска акција на неколку локации во Скопје: Пронајдени големи количини наркотици, приведени 12 лица
Дванаесет лица биле лишени од слобода на различни локации во Скопје во текот на 10 и 11 октомври 2026 година, откако полициските службеници кај нив пронашле различни материи и таблети.
Според информациите од полицијата, интервенциите ги спровеле полициски службеници од СВР Скопје, при што биле приведени десет лица од Скопје, едно лице од Штип и еден државјанин на Обединетото Кралство.
Станува збор за В.В. (29), В.Ѓ. (55), Е.С. (29), Б.Т. (20), Д.Р. (37), Е.П. (37), В.П. (43), А.С. (33), В.Д. (37) и В.П. (42), сите од Скопје, како и И.Ч. (26) од Штип и М.Т.Б. (30) од Обединетото Кралство.
При полициските контроли кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и таблети.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на одделните случаи против приведените ќе следуваат соодветни поднесоци.