Полицијата во Велес, Кавадарци и Неготино казнила 25 пијани возачи,

Фото: Б.Грданоски

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес во неделата вечер од полноќ до 5 часот наутро извршиле контрола на возачи дали управуваат возило под дејство на алкохол.Од 117 контролирани на подрачкето на Велес, Кавадарци и Неготино биле регистрирани 25 пијани возачи, од кои најмногу 12 биле фатени на подрачјето на Неготино.

Како што информираат од СВР Велес, од контролираните 117 возачи биле регистрирани 25 прекршоци, од кои во Велес од контролираните 61 возач осум возачи возеле под дејство на алкохол.

Во Кавадарци од контролираните 16 возачи полицијата со алхо тест констатирала  пет прекршоци и во Неготино од контролираните 40 возачи санкционирани биле 12 пијани возачи.