Полицијата во Париз и во Нант ги растеруваше посетителите на музичките фестивали


Франција– Француската полиција во Париз и во Нант се судри со посетителите на музичките фестивали, што вчера се одржаа во рамките на традиционалната годишна манифестација Празник на музиката.

По повод празникот вчера во повеќе француски градови, како и секоја година, беа организираи концерти и музички манифестации, што годинава се одржуваа под зголемено полициско присуство поради пандемијата со Ковид-19.

Дел од француските медиуми објавија дека париската полиција ги растерала присутните граѓани на муизичкиот настан во Канал Сен Мартен, а на социјалните мрежи беа објавени фотографии како полицијата употребува солзавец во Нант.

Музичката манифестација во Нант се одржуваше во исто време како и демонстрациите со кои е одбележана годишнината од смртта на Стив Канико, кој загина минатата година во судир со полицијата по еден концерт.