Полицијата во Италија пронајде повеќе од 500 зрна кафе полни со кокаин

 

Полицијата во Италија откри 130 грама кокаин кој бил во повеќе од 500 зрна кафе доставени во Милано.

Пакетот стигнал на миланскиот аеродром „Малпенса“ од Колумбија. Полициските инспектори се посомневале заради тоа што пакетот бил адресиран на фиктивно име Сантино Дантонио, шефот на мафијата од филмот „Џон Вик: Дел2“, јави Си-ен-ен.

Затоа инспекторите го следеле пакетот кој бил доставен во Фиренца и го уапсиле мажот што дошол да го подигне. Се покаќало дека се работи за 50-годишник кој од порано ѝ е познат на полицијата поврзан со недозволен промет со наркотици.

Зрната кафе биле исдупчени одвнатре, наполнети со кокаин и залепени со црн селотејп, се наведува во извештајот од полицијата.