Полицијата упаси најмалку 1.000 лица на протестите за поддршка на Навални


Од протестите во Москва (Фото. Ројтерс)

Видеото за наводната палата на Путин на Црното Море досега е прегледано 65 милиони пати

 

МОСКВА – Во саботата полицијата приведе повеќе од 1.000 лица ширум Русија и ги растури митинзите низ целата земја, додека демонстрантите се спротивставуваа на силниот студ и забраната на властите и побараа ослободување на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.

Навални ги повика своите приврзаници да протестираат откако беше уапсен минатиот викенд кога се врати во Москва за првпат откако беше затруен со воен нервен агенс во август. Навални се лекуваше во Германија.

Во центарот на Москва, полицијата приведе најмалку 100 лица пред почетокот на протестот, ставајќи ги во блиските комбиња. Околу 1.000 луѓе се собраа пред за започне митингот.

Некои извикуваа „Путин е крадец“ и „Срамота“, додека полицијата ги влечеше луѓето по улиците.

Видео-снимката од Владивосток покажа дека полицијата за немири брка група демонстранти по улицата, додека демонстрантите во Хабаровск, на температура од -14 Целзиусови скандираа „Бандити!“

 

Протести имаше во 40-ина градови низ цела Русија, меѓу нив и во Владивосток (Фото: Ројтерс)

Полицијата во сибирскиот Јакутск, еден од најстудените градови во светот каде температурата беше -52 Целзиусови во саботата, фати демонстрантот за рацете и нозете и го влече во комбе, покажаа снимките од местото на настанот.

Групата за набудување на протестите ОВД-Инфо соопшти дека досега биле приведени најмалку 369 лица, од кои 67 во сибирскиот град Новосибирск.

Таа пријави апсења на митинзи во речисио 40 градови и градови. Опозицискиот политичар Дмитриј Гудков рече дека обемот и размерот на протестите во регионите се невообичаени.

„На сите мора навистина да им е преку глава од кражбите и лагите кога регионите се кренаа вака без да се чека Москва. Стотици и илјадници дури и во малите градови“, напиша тој на Твитер.

Властите соопштија дека протестите се незаконски затоа што не биле соодветно овластени. На Навални му беше одреден притвор во траење од 30 дена претходно оваа недела за наводни повреди на условно ослободување.

Од Кремљ немаше коментар за протестите.

Мобилните телефонски и интернет услуги претрпеа прекини во саботата, покажа страницата за мониторинг downdetector.ru, тактика што понекогаш ја користат властите за да им отежне на демонстрантите да комуницираат меѓу себе и да споделуваат видео снимки на интернет.

Приврзаниците на Навални се надеваат дека можат да создадат улична поддршка против Кремљ и покрај зимските услови и пандемијата на корона вирусот за да извршат притисок врз властите да го ослободат.

Во поттик за галванизација на поддршката пред протестите, тимот на Навални објави видео за раскошна палата на Црното Море, за која тие тврдат дека му припаѓа на Путин, нешто што Кремљ го негираше. Од саботата, клипот беше прегледан повеќе од 65 милиони пати.

Полицијата презема мерки против неколку сојузници на Навални и ги обвинија за повик на незаконски протести и затворија најмалку двајца од нив, вклучувајќи ја и портпаролката на Навални, на повеќе од една недела. (Ројтерс)