Полицијата уби маж кој пукаше пред црква во Њујорк


 

Полицијата го уби мажот кој пукаже од огнено оружје во близина на граѓани собрани на божиќен концерт предцрква во Њујорк.

Тројца полицајци испукаа вкупно 15 куршуми кон мажот, потврди пред новинарите началникот на њујоршката полиција Дермот Шеа.

„Напаѓачот е ранет најмалку еднаш во главата и почина“, изјави тој.

Началникот нагласи дека никој од концертната публика не е ранет во пукањето.

Полицијата на местото на инцидентот нашла две пушки, а во близина и торба со резервоар полн бензин, јаже , жица и неколку ножеви.