Полицијата откри 39 јавни превозници без исправни кочници


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 8 до 12 часот, санкционирало 74 превозници на возила што вршат јавен превоз, од кои 28 територијата на СВР Тетово, а 15 на територијата на СВР Штип.

Како што информира Министерството, 39 имале неисправен уред за кочење, пет неисправен уред за управување, како и други прекршоци, за кои се поднесени соодветни поднесоци.

– Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли и во наредниот период, со цел обезбедување на поголема безбедност на патиштата во државата, стои во соопштението.