Полицијата нашла девојче и бебе напуштени во шума


 

Граничната полиција на САД спаси две деца, откако биле пронајдени во шума на брегот на реката Рио Гранде.

Во вторникот полицијата на Твитер објави фотографија на двегодишното девојче со ранец и тримесечно момче во транспортер со ќебенце како седат меѓу дрвјата.

Граничната полиција соопшти дека службениците ги нашле децата во близина на Игл Пас, околу пладне.

Тие паторлирале со чамец и забележале необични бои на брегот, а откако пришле сфатиле дека се работи за напуштени деца.

„Полицијата брзо реагираше и ги спаси двете деца. Нив не им требаше медицинска помош и превезени се во најблиската полициска станица“, пишува во соопштението.

Во пораката пронајдена под бебето во транспортерот пишувало дека се брат и сестра, а била запишаа и нивната возраст. Се работи за деца од Хондурас.

Полицијата вели дека се трага по нивните родители, а изразуваат загриженост дека децата без совест се напуштени и оставени во шума што е многу опасно за нив.

Не се знае каде им се родителите и се трага по нив.