Полицијата на Шри Ланка изврши контролирана експлозија


Полицијата на Шри Ланка соопшти дека денеска изврши контролирана експлозија на сомнителен мопед, кој се наоѓал во близина на популарното кино Савој  во Колумбо.

Мопедот не содржел експлозив, а полицијата изврши контролирана експлозија поради претпазливост по терористичките напади на Шри Ланка, при што загинаа 359 луѓе.

Претходно премиерот на Шри Ланка Ланке, Ранил Викремесинге изјави дека „има луѓе со експлозив, кои се уште се во бегство“. Но, тој не прецизираше колку лица се во бегство.

Додека претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена изјави дека очекува смени на челниците на одбранбените сили на земјата, затоа што не успеале да ги спречат нападите на бомбашите самоубијци.