Полицијата ја пронајде мајката што го остави своето бебе голо во парк во Топанско Поле


Полицијата ја идентификува мајката што го остави своето бебе во парк во скопската населба Топанско Поле. Таа е малолетна и дала изјава дека не е во можност да се грижи за бебето, пренесува Слободен печат.

– Малолетната мајка даде изјава дека не е во можност да се грижи за своето дете поради што, откако ќе се стабилизира неговата здравствена состојба, тоа ќе биде префрлено во згрижувачко семејство. Мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување – вели Наташа Станојевиќ, директорка на Центарот за социјални работи во Скопје.