Полицијата ја прогласи актерката Наја Ривера мртва, најверојатно се удавила


САД- Полицијата ја прекина потрагата по актерката Наја Ривера (33) која исчезна за време на патување со брод заедно со четиригодишниот син, во езерото Пиру во Вентура Каунти, и ја прогласи мртва. Најверојатно се удавила.

Таа попладнето (по локално време) изнајмила брод и испловила заедно со синот, но откако не се вратила по три часа, колку што го имала изнајмено бродот, крајбрежната стража го нашла бродот како бесцелно плови, а детето било внатре и спиело. Веднаш била почната истрага со нуркачи и хеликоптери.

Има многу информации во врска со случајот, но наводно детето рекло дека мајката отишла да плива и не се вратила. Детето имало на себе елек за спасување, а на бродот бил најден елек за спасување за возрасен.

Ривера се прослави со улогата на Сантана Лопез во популарната серија „Glee“ на Fox каде играше до 2015 година, а потоа имаше улога во серијата „The Royal Family“ и во комедијата „The Master of Disguise“.

Ривера претходно беше омажена за актерот Рајан Дорси.