Полицијата го растура карневалот во Вевчани


Покрај апелите од надлежните да нема собири со цел заштита на населението од ширење на корона вирусот Вевчанци не се откажуваат од вековната традиција.

Денеска може да се видат најразлични маски инспирирани од пандемијата како и од политиката.

И покрај тоа што вевчанци се обидоја да го направат дефилето, полицијата ги спречи. Полицијата го растура карневалот. Во моментов во селото има зголемо присутво на полицајци.

Карневалот е вековна традиција во Вевчани, а вевчанци цела година живеат со идеите како ќе се маскираат.