Полицаец се ранил проверувајќи си го пиштолот


Во понеделникот, околу 21.30 часот, пријавено е дека на ул. „Франц Прешерн“ во Скопје, во својот дом, полициски службеник од Полициската станица Ѓорче Петров, додека го проверувал службениот пиштол испукал еден куршум при што се повредил во пределот на левата натколеница.

Потоа бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот.