Полицаец ранет за време на полициска акција во Белград

Полицаец е ранет денеска од огнено оружје додека бил на должност во Белград, по што е пренесен во Ургентниот центар и е надвор од животна опасност.
Полицаецот бил ранет за време на полициска операција на бензинска пумпа на Панчевачки пат во Белград.
За инцидентот е известено надлежното обвинителство.