Полицаец примил поткуп од лице од Косово
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип при СВР Штип.
На 19.02.2024 при вршење редовна сообраќајна контрола кај наплатна станица Кадрифаково, пријавениот полицаец откако го сопрел странскиот државјанин од Косово му побарал пари кои ги добил за да не му пише казна која е предвидена со Законот за безбедност во сообраќајот.