Пол-позицијата во Монца за Хамилтон


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификации за италијанското Гран-при во Формула 1.

Хамилтон попладнево извози најбрз круг со време 1:18.887 минути.

Доминацијата на Мерцедес ја потврди Валтери Ботас кој задоцни зад клупскиот колега 0,069 секунди.

Од третата стартна позиција ќе тргне Карлос Сајнц од Мекларен, а до него во вториот ред ќе биде Серхио Перез од Рејсинг поинт.

Од 5-10. место се Макс Ферстапен, Ландо Норис, Даниел Рикардо, Ленс Строл, Алекс Албон, Пјер Гасли.

Двата пилота на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел не успеаја да се изборат за место помеѓу првите 10. Леклер ќе тргне од 13.позиција, додека Фетел дури од 17. место.

Главната трка на патеката „Монца“ е закажана утре со почеток во 15:10 часот.