Пол-позицијата во Абу Даби за Макс Верстапен

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го оствари најдобриот резултат на денешните квалификациите за Големата награда на Абу Даби.

За Холанѓанецот ова е прва пол-позиција сезонава и трета во неговата кариера.

Од втората позиција ќе тргне пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас.

На третото место се пласира другиот возач на Мерцедес и актуелен светски шампион Луис Хамилтон.

Од 4-10 позиција се пласираа: Ландо Норис, Александер Албон, Карлос Сајнс, Данил Квјат, Ленс Строл, Шарл Леклер и Пјер Гасли.

Главната трка од светскиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Абу Даби ќе се одржи утре со почеток во 14:10 часот.