Покривот на Дом на градежници ќе стане зелен парк


Голема реконструкција на покривот на Домот на градежници, почнува денеска, најавија од Град Скопје, површина која треба да стане зелена, со цел да се намали температурата вво центарот на Скопје, во летните месеци.

Тоа е една култна стара зграда во центарот во Скопје, изградена пред децении. Во свое време била култно место каде градежните работници се собирале и учествувале во своето културно издигнување. Посебно бил значаен покривот на таа зграда, затоа што овде се случувале многу културни настани. Познато е како киното на Домот на градежници, кое со овој зелен покрив ќе го вратиме.

Се планира да се направи по примерот на покривот на ГТЦ, кој беше огромен успех и го посетија повеќе од 100.000 луѓе за само една година, а скопјани го користат за своите фото-разгледници.

– Сега правиме ново место, во центарот, во Мал ринг, кадешто ја идентификувавме потребата да се бориме против топлотниот остров којшто го сосдава покривот на оваа зграда. Очекуваме по рекоснтрукцијата просечната температура да биде спуштена за три степени, особено во лето, драстично ќе биде намалена температурата пред околните згради – велат од Градот.

Во план е да се постават десетици садници дрвја и уште повеќе ниско и средно зеленило, распоредено така да биде функционално за оние кои ќе го користат покривот. Ќе има и тревна површина и вертикално зеленило на ѕидовите. Сето тоа збогатено со клупи и друга урбана опрема за уживање на присутните, а киното треба да врати што повеќе посетители.
Покривот има две нивоа и на двете нивоа ќе се направи зелена површина.

Дополнително покрај целата ограда ќе има густ дрворед за да не им се смета на жителите од околните згради.

Инвестицијата чини 18,5 миниони денари.