Покренато обвинение против Тодориќ, Нобило изненаден

Жупаниското државно обвинителство во Загреб поднесе обвинение против поранешниот сопственик на хрватскиот концерн Агрокор, Ивица Тодориќ и уште три лица.

Меѓу обвинетите се уште двајца хрватски и една австриска државјанка, поради извршено кривично дело злоупотреба на доверба во економско работење и помагање во злоупотреба на доверба во работење.

Меѓу обвинетите е и Пирушка Цањуга, која ја застапува адвокатот Анто Нобило, кој коментирајќи го случајот рече дека не може подетално да зборува за обвинението, затоа што се уште не го добил.

Тој очекува да го добие за неколку недели.

Сепак, Нобило истакна дека го изненадило поднесувањето обвинение и отворање на постапка, затоа што смета дека во истрагата било се побиено.

Тој наведе дека во истрагата се сослушани сведоци на одбраната, додека хрватското Државно обвинителство не извело ниту еден свој сведок.

– Нивна работа е кого ќе обвинат, а ќе видиме на суд што ќе биде од тоа, рече Нобило.