Покрај сол и кафе: Храна која треба да ја избегнувате доколку имате висок крвен притисок


Високиот крвен притисок е многу вообичаено нарушување на здравјето кај луѓето, па доколку сте во таа група треба да избегнувате одредени намирници во исхраната.

Здравата исхрана е клучна за овој проблем, а се препорачува да консумирате што повеќе овошје и зеленчук и протеини. Јасно е дека со оваа состојба треба да избегнувате храна која содржи големи количини шеќер и сол, а познато е и дека треба да го намалите внесот на кофеин.

Одредени зачини и сосови

Кога сакате да ја замените солта со некои други зачини, важно е да внимавате овие зачини да немаат висок процент на шеќер или сол. Храната како кечап, соја сос, прелив за салата и други содржи многу сол.

Храна со заситени масти

Можете да ја замените храната со заситени масти со извори на здрави масти. Најдобро би било да го намалите внесот на црвено месо и да изберете поквалитетни парчиња. Треба да бидете внимателни и со внесувањето на млечни производи и да јадете помалку масни верзии на овие намирници.

Пржена и брза храна

Пржената и „брзата“ храна е богата со заситени масти и сол, што треба да ги избегнувате доколку имате висок крвен притисок. Добра замена за пржената храна е да ја печете во рерна или тава што може да се користи без масло.

Конзервирана, замрзната и преработена храна

Иако оваа храна се смета за погодна и здрава, таа може да содржи и големи количини сол бидејќи треба да го зачува вкусот. Затоа при купувањето детално погледнете ги декларациите на кои е испишан составот.

Сувомесните производи

Сувомесните производи се полни со натриум. Нивниот чаден процес често бара големи количини сол, поради што се наоѓаат на листата на забранети намирници за лицата со висок крвен притисок.

Алкохол

Се вели дека малите количини на алкохол го намалуваат крвниот притисок, но премногу алкохол може да го зголеми. Конзумирањето повеќе од три пијалоци одеднаш може да го зголеми крвниот притисок и трајно да го оштети телото.