Покетино официјално нов тренер на Манчестер јунајтед


 Манчестер Јунајтед денеска официјално го назначи Аргентинецот Маурисио Покетино за нов тренер, ден откако му врачи отказ на Мајкл Карик.
„Клубот постигна договор со Фудбалската федерација на САД според кој Маурисио и неговиот стручен штаб ќе бидат слободни да си заминат откако ќе ги исполнат своите обврски со американската репрезентација“, соопшти Манчестер Јунајтед.
Поранешниот тренер на Тотенхем, Челзи и ПСЖ ќе ја предводи селекцијата на САД уште два натпревари, во четвртфиналето на Лигата на нации на КОНКАКАФ зоната, против Хаити в сабота и во вторник, пред да отпатува за Манчестер, пренесуваат американските медиуми.
Од друга страна, британските медиуми јавија дека Јунајтед мора да плати околу 7,4 милиони фунти за да го откупи Покетино од неговиот неодамна потпишан договор со САД, а аргентинскиот стратег ќе остане на клупата на англискиот прволигаш до јуни 2029 година.