За Заев поканата за „самит“ на албанските лидери е притисок врз него

Фото; Б. Грданоски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека поканата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за средба со сите лидери на албанските партии во државата е „притисок врз него и врз коалицијата Можеме“.

„Го гледам ова како притисок врз мене, СДСМ и Коалицијата „Можеме“, за премиер по предлог на ДУИ“, изјави Заев за ТВ21.

Денеска претседателот на ДУИ, Ахмети, ги покани претседателите на албанските партии на средба на 13 август, денот на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.