Поинаков хороскоп – Родени во вистинско време

Каква личност ќе бидете не зависи само од датумот на вашето раѓање, туку и од часот кога сте се родиле


24.00 – 2.00

ЕНТУЗИЈАСТИ

Доминантна куќа: трета, под влијание на Меркур

Познати личности родени во овие часови: Џулија Робертс, Вивиен Вествуд, Мик Џегер.

 

Информираноста за вас значи моќ. Обожавате да учите и да разменувате нови знаења. Постојано љубопитни, вие најбрзо ја дознавате секоја новина, трачевите ви се специјалност и не ја поднесувате неизвесноста. Вешти сте и брзи во заклучување и не ја криете гордоста во тоа што речиси секогаш сте најдобро информирани. Судејќи според вашиот изглед и енергија, дури и во постари години изгледате како да ја поседувате тајната на вечната младост. Несреќна сте ако не сте во центарот на вниманието. Пријателите ве доживуваат како по малку ексцентрична личност.

 

2.00  – 4.00

РАСИПНИЦИ

Доминантна куќа: втора, под влијание на Венера

Познати личности родени во овие часови: Леонардо ди Каприо, Бој Џорџ, Бриџит Фонда

Вие ги сакате конкретните нешта, а вашето животно мото е: трошење, трошење, трошење! Го цените само тоа што е видливо и опипливо и спремни сте да работите до доцна во ноќта ако тоа се одрази во вашата жиро-сметка. Родените во овие рани часови може да остварат се што ќе си замислат, но многу се себични и љубовморни. Концетрирајте се на усовршувањето на личните квалитети, но мислите малку и на другите. Запрашајте се кој сте всушност вие без материјалното

 

4.00 – 6.000

ИСТРАЖУВАЧИ

 

Доминантна куќа: прво, под влијание на Марс

Познати личности родени во овие часови: Николас Кејџ, Донатела Версаче.

Родени харизматичари, создадени сте да бидете лидери. Го сакате чувството на слобода а најсреќна сте додека на другите им делите совети. Искрени сте и директни, иако понекогаш ги иритирате другите со своите побарувања, но конечните резултати сепак не се ваша слава. Поради лошто влијание на Марс, понекогаш со сила доаѓате до тоа што го сакате, што пак секогаш ви се крши од главата. За да воспоставите хармонија, мора да научите да соработувате.

 

 

6.00 – 8.00

МИСТИЦИ

Доминантна куќа: дванаесетта под влијание на Нептун

Познати личности родени во овие часови: Мадона, Далај Лама, Џорџ Мајкл

Мистериозни и тешко разбирливи, вие сте многу чувствително суштество, кое живее осаменички, тешко поднесувајќи ја крутоста на секојдневнието. Родените во овие часови имаат силно изразена интуиција и се многу продуховени. Принесувањето жртва за вас има свето значење и затоа добротворната работа е неодвоив дел на вашиот општествен ангажман.

 

 

8.00 – 10.00

ПОЛИТИЧАРИ

Доминантна куќа: единаесетта под влијаниое на Уран

Познати личности родени во овие часови: Кортни Лав, Џони Деп, Бил Клинтон

Вие сте најдобар пример за изразено друштвена личност – шармантна, самоуверена и отворена. Вашиот идентитет е поврзан со импресионирањето и интегрирањето во големите социјални друштва, така стекнувате слава и популарност. Од друга страна, неформална сте, пријателски расположена.

Вашето апсолутно разбирање за слабите и незаштитените ве прават идеална личност за политика. Најдобар претставник на ова друштво е Клинтон, кој за време на импичментот ја задржа популарноста кај американската јавност.

 

10.00 – 12.00

КАРИЕРИСТИ

Доминантна куќа: десетта, под влијание на Сатурн

Познати личности родени во овие часови: Кајли Миног, Дру Баримур, Моника Левиски

Многу амбициозни и мотивирани, вие ја имате саканата самодисциплина и ја обожавате самата помисла на слава. Силната желба за моќ и контрола вешто ја прикривате со милоликоста, но кога е во прашање кариерата, во состојба сте да ја докрачите конкуренцијата без нималку милост. Другите ве доживувааат како себична, гладна  за власт и материјалистика, но многумина од ова друштво се сепак примерни и успешни јавни личности. Создадени сте за исполнување на родителските очекувања, а вашите мајки се многу битни и влијателни во вашиот живот.

 

12.00 – 14.00

ФИЛОЗОФИ

Доминантна куќа: деветта, под влијание на Јупитер

Познати личности родени во овие часови: Ума Турман, Клаудија Шифер, Бриџит Бардо.

Исклучително сте љубопитна и секогаш во потрага по нови искуства. Изразени нематеријалисти, никогаш нема да се омажат само поради парите. Поради љубопитноста и истражувачкиот дух, лицата родени во овие часови често ќе емигрираат или ќе се мажат за странци. И покрај големиот недостиг од самодисциплина, вие можете да бидете успешни.

 

14.00 – 16.00

ФЕНИКСИ

Доминантна куќа: осмата, под влијание на Плутон

Познати личности родени во овие часови: Kетрин Зита-Џонс, Ирвин Велш, Менди Смит

Вашиот живот е возење во брза трка, полн е со кризи, промени и пресврти. Првата третина од животот ви е потешка, но многубројните проблеми ќе ве направат силна. Чесно предизвикана, со својата енергија и искуство можете да реализирате големи дела. Многу сте верна во врските, што пак може да ве прави многу ранлива (иако тоа вешто го криете). Страсна, каква што сте, многу лесно ќе го преплашите партнерот што не е тоа.

 

16.00 – 18.00

МИРОТВОРЦИ

Доминантна куќа: седма, под влијание на Венера.

Познати личности родени во овие часови: Роберт Карлајл, Лиза-Мари Пресли, Наташа Ричардсон.

Оваа куќа е позната како куќа на бракот, па многу жени родени во овие часови не се чувствуваат живи ако не се во романтична врска. Тој нагон – да се биде во врска – е врежан во вашата психа, а идеата за самечки живот ве застрашува и ве обесхрабрува. Вие сте искрена, полна со разбирање и пред се ја сакате хармонијата. Затоа, правите се за да ги избегнете конфликтите. На забавите сте лице на вечерта: има квалитет во вистинско време да го направите или да го кажете она што треба.

 

18.00 – 20.00

ТИМСКИ ИГРАЧИ

Доминантна куќа: шеста, под влијание на меркур

Познати личности родени во овие часови: принцезата Дајана, Лулу, Тим Винсент

Секогаш спремни да ги жртвуваат личните амбиции заради возвишени цели, најсреќна сте додека создавате со своите раце. Вие сте личност што секој би ја посакал за најдобар пријател: во заглавениот лифт кажувате вицови, а истовремено барате начин да се реши проблемот. Вие просто мора да бидете во добра форма. Вашето тело е ваш храм: прва сте во испробувањето на новите диети и способна сте да ги примените до крајни граници. Како партнерка, бескрајно сте верна, но честопати и опсесивно љубоморна.

 

20.00 – 22.00

Глумци

Доминантна куќа: петта, под влијание на Сонцето.

Познати личнсоти родени во овие часови: Јуан Мекгрегор, Витни Хјустон, Антониот Бандерас

Луѓето ве обожаваат. Имате карактеристики на водач и на ѕвезда, на сцената ви е доволен само еден момент за креативен излет. Срдечна, за некои премногу загрижена, имате ретка дарба во перспектива да ја видите целата слика не заморувајќи се со деталите. Живеете брз живот, оној за страсни љубовни афери. Ги обожавате децата и честопати сте професионално врзана за нив. Повици за дружење никогаш немате премалку, бидејќи вие сте личност со која никогаш не е здодевно.

 

22.00 – 24.00

ДУХОВНИЦИ

Доминантна куќа: четврта, под влијание на Месечината.

Познати личности родени во овие часови: Челси Клинтон, Пол Макартни.

Околу себе ширите чувство на животна радост, но истовремено сте многу чувствителна и потребна ви е сигурност за навистина да се чувствувате среќна. Тежнеете кон духовност, внатрешен мир и имате лична филозофија. Оставете впечаток на смирена личнсот, имате изразена потреба за самозаштита и не заборавате да му се одмаздите натој што ќе се обиде да ја загрози вашата тешко стекната сигурност. Вие сте бескрајно посветен родител, а кога некому ќе му го подарите своето срце, тоа е за цел живот.