Погрешна изјава и Арестович, советникот на Зеленски, поднесе оставка
Алексеј Арестович поднесе писмо за оставка од функцијата нештабен советник на Кабинетот на претседателот на Украина.
„Сакам да дадам пример за цивилизирано однесување: фундаментална грешка, па поднесувам оставка“, напиша тој на социјалните мрежи приложувајќи фотографија од изјавата.
Арестович се најде на удар во Украина откако тврдеше дека руски проектил што погоди станбена зграда во Днипро на 14 јануари, наводно, бил соборен од украинските сили за воздушна одбрана. „Таа беше соборена, падна на тремот. Таа експлодираше кога падна“, рече тој во етерот на програмата на Марк фегин на Јутјуб. Градоначалникот на Днепро Борис Филатов побара Вооружените сили на Украина да одговорат на зборовите на Арестович, а пратеникот на Врховната рада, Олексиј Гончаренко, најави собирање потписи за негово разрешување.
На 17 јануари Арестович се извини за неговите изјави. „Направив сериозна грешка на ТВ во живо. Не е важно поради која причина публиката го слушнала, но отсега ќе бидам построг за информациите што ги искажувам. Искрено им се извинувам на жртвите и нивните роднини, на жителите на Днипро и на сите кои беа длабоко повредени од мојата прерана погрешна верзија за причината поради која руската ракета погоди станбена зграда“, напиша тој на социјалните мрежи.
Тврдењето на Арестович дека проектилот бил „соборен“ од украинските сили за воздушна одбрана беше цитиран од многу руски медиуми. Во исто време, многу од нив едноставно го игнорираа гранатирањето на самиот град Днопро или објавија само кратка вест во врска со Алексеј Арестович, без да ги споменат човечките жртви.
Командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Микола Олешчук, пак, рече дека вооружените сили на Украина „немаат огнено оружје способно да соборуваат ваков тип проектили“. Олешчук, исто така, рече дека ракета „Х-22“, која беше лансирана од областа Курск, ја погодила зградата.
Украинските медиуми забележаа дека претходно претставници на вооружените сили на Украина најмалку три пати пријавиле дека собориле такви проектили. Воздухопловните сили на Украина ги нарекоа погрешни старите извештаи за соборени проектили.