Поголема излезеност до 17 часот во однос на првиот круг


Излезеноста на вториот круг од претседателските избори е поголема во однос на првиот круг.

Во општина Дебар до 17 часот на гласање излегле 4.239 лица со право на глас или 23 отсто од вкупно запишаните граѓани. Во првиот круг гласале 6.737 лца или 36 отсто.

Според претседателот на Општинската изборна комисија во општина Центар Жупа Еран Зубер до 17 часот на гласање излегле 1.082 лица со право на глас, или 16 отсто.

Пред две недели до 17 часот правото на глас го искористиле 881 лица или 13 отсто.

Излезноста до 17 часот на 113 избирачки места во четирите општини во кочанскиот регион надмина 45 отсто.

Според информацијата од Општинската изборна комисија во Кочани на два часа пред затворањето на гласачките места гласале вкупно 14.780, односно 44,98 отсто граѓани. Во соседната општина Виница до истиот период својот глас го дале 7.823 или 45,7 отсто гласачи, а во Чешиново-Облешево 2.672, односно 48,8 отсто. Во Зрновци излезноста е слична на просекот во микрорегионот и своето избирачко право го оствариле 1.146 или 44,9 отсто од граѓаните.

Во Општина Кичево на два часа пред затворањето на гласачките места, односно до 17 часот, своето право на глас го оствариле 14.314 избирачи или 28,46 проценти.

Споредбено со првиот круг од претседателските избори скоро идентичен е бројот на излезност на гласачи на општинско ниво за истиот период.

Во Општина Крива Паланка до 17 часот на гласање во вториот круг на претседателски избори излегле 61 отсто од вкупниот број граѓани запишани во Единствениот избирачки список. Право на глас во Општина Крива Паланка имаат 16.982 граѓани.

-Во Општина Ранковце до 17 часот гласале 58,56 отсто од вкупниот број гласачи, информира Билјана Тасевска, заменик-претседател на ОИК, Ранковце.

Во Демир Капија до 17 часот гласале 60.28 отсто од гласачите, во Неготино 55.98, Кавадарци 51.23, а во Росоман своето право на глас го оствариле 54 проценти од лицата запишани во единствениот избирачки список.

До 17 часот на подрачјето на Општина Битола гласале 45,50 насто од вкупниот број на гласачи запишани во Единствениот избирачки список.

Во Општина Демир Хисар до 17 часот гласале 60,38 насто од вкупниот број гласачи со право на глас во таа општина.

Од ОИК-Новаци информираа дека на подрачјето на општината до 17 часот гласале 56,57 насто од запишаните избирачи, додека во Општина Могила на гласање излегле 46,63 насто од вкупниот број гласачи евидентирани на Единствениот избирачки список.

Во Општина Струга до 17 часот излезноста е 24,27 отсто, во Ресен 39, а во Вевчани скоро 58 проценти, информираат општинските изборни комисии.

Првиот човек на ОИК Струга Бледар Зиба посочи дека од регистрирани 60.459 гласачи, 14.673 го оствариле своето гласачко право.

Во Општина Ресен, според заменик претседателот на ОИК Ивана Гегарковска, до 17 часот гласале 6.612 гласачи или 39,7 отсто од регистрираните 16.649 гласачи.

Излезноста во Општина Вевчани е 57,7 проценти, односно, како што истакна претседателката на ОИК Параскева Кукоска, од 2.048 гласачи, 1.183 го оствариле своето гласачко право.

Од запишаните 52.273 односно 52.193 граѓани на Охрид со право на глас, до 17 часот на гласање излегле 24.375 граѓани или 46,7 отсто, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија, Климент Камнароски.

Во соседната Општина Дебрца исто тка изборниот процес се одвива непречено без пријавени нерегуларности, а до 17 часот гласале 2.122 лица или 48 отсто од граѓаните со право на глас.

Без забелешки, регистрирани неправилности и приговори минува изборниот ден од вториот круг на претседателските избори во општините Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран во кои е надмината потребната излезност.

До 17 часот 11.131 граѓанини гласале на 37 избирачки места во Општина Гевгелија што во проценти изнесува 57,93 отсто.

Во Општина Валандово правото на глас до 17 часот го искористиле 5.141 граѓанин или 51,7 отсто, во Општина Богданци од вкупно запишаните 6.765 до 17 часот гласале 3.320 или 49,08 отсто и во Општина Дојран воето право на глас го искористиле 1.497 граѓани или 55,05 отсто.

Во пелагониските општини, Долнени, Крушево и Кривогаштани излезноста до 17 часот е поголема во споредба со првиот круг на претседателските избори.

До 17 часот во Крушево на гласање излегле 59,70 отсто од запишаните 7.920 избирачи, во Долнени од 11.506 избирачи 34 проценти, а во општина Кривогаштани од запишаните 4.678 до 17 часот гласале 53 насто.

Во Штип излезноста до 17 часот е 49,48 отсто. Претседателката на ОИК –Штип, Сенка Андреева вели дека до 17 часот на 77 избирчаки места своето право на глас го искористиле вкупно 20. 645 избирачи.

Вкупно 33.976 гласачи од Куманово до 17 часот го оствариле своето право на глас на шестите претседателски избори во земјава, од вкупно 92.839 гласачи колку што брои избирачкиот список, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, што е излезност од 36,84 проценти. Од 167 гласачки места процесирани се 91,01 отсто, или вкупно 157.

Во Општина Старо Нагоричане до 17 часот своето право на глас го искористиле вкупно 1.345 гласачи, од вкупно 3.333 колку што брои избирачкиот список, што е излезност од 40,40 проценти.

Првото на глас во Липково до 17 часот го оствариле 5.006 гласачи, од вкупно 25.401, па излезеноста во оваа општина изнесува 19,94 проценти. Процесирани се податоците од сите 34 избирачки места.

На ниту едно избирачко место во земјава не се приметени проблеми и инциденти, при што гласањето се одвива тековно.