Погледнете што му порача Ѓоковиќ на Федерер за неговото збогување

Српскиот тенисер се прости од Роџер Федерер кој се повлекува од тенисот


Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер објави дека се повлекува по Лејвер купот кој следната недела ќе се игра во Лондон.

Неговата објава предизвика вистинска поплава од пораки од тенискиот и спортскиот свет со кои се збогуваа со швајцарската легенда. Денеска се огласи и најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ кој на својот Инстаграм профил објави емотивна порака:

„Роџер, тешко е да се преживее овој ден и да се каже со зборови се што поминавме заедно во овој спорт. Повеќе од една деценија неверојатни моменти и натпревари на кои можам да се сетам.

Вашата кариера даде пример за тоа што значи да се постигне извонредност и да се води со интегритет и подготвеност. Чест е да те познавам на теренот и надвор од него. Знам дека новото поглавје ќе донесе неверојатни работи за тебе, Мирка, децата и сите твои најблиски, а фановите на Роџер имаат уште многу да очекуваат.

Од нашето семејство до вашето, ви посакуваме многу радост, здравје и просперитет во иднина. Со нетрпение очекуваме да ги прославиме вашите достигнувања и да се видиме во Лондон“, заклучи Ѓоковиќ.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)