Погледнете каде живее Дедо Мраз


Градот Рованиеми во Финска се смета за официјално престојувалиште на Дедо Мраз, а наназад неколку години претставува омилена туристичка дестинација која секоја зима нуди уникатно божиќно доживување.

Пред стотина години, еден минувач почнал да шири вест за планина на северот на Финска и постоењето на нејзините жители – Дедо Мраз и неговата дружина. Но, Дедо Мраз сакал местото на својот дом да го задржи во тајност, па се преселил во Рованиеми и така почнала легендата дека Дедо Мраз се наоѓа на арктичкиот круг во близина на овој град.

од почетокот на милениумот, селото на Дедо мраз кое е оддалечено неколку километри од спомнатиот град стана најспектакуларно божиќно одредиште, а популарноста на дестинацијата двојно го зголеми бројот на посетителите.

Бројот на меѓународни посетители се зголемил за четири пати последните неколку години и надмина половина милион.

Селото на Дедо Мраз опремено е со ресторани, ирваси, санки за кучиња, продавници и колиби со сауни стана популарно како локација која нуди ултимативно божиќно искуство.

Истовремено е опишано како совршена локација да бидете во близина на природата и во друштво на Дедо Мраз.


Селото нуди интересни содржини – од дружења со ирваси, па и издавање „возачка дозвола“ за управување со овие животни, до посета на колибата и шумата на Дедо Мраз, уживање во различни специјалитети, но и набљудување на поларната светлина.

Во понудата има најразлични тури, па и уникатен сафари на снег, дружење со хаски и други животни кои ги поседуваат Дедо Мраз и неговите помошници.