Погледнете ја хронологијата на Трамповото воведување и паузирање на царините

За 79 ДЕНА од преземањето на функцијата, актуелниот американски претседател Доналд Трамп започна низа царински мерки и промени кои драматично ги променија глобалните трговски односи.
Еве како сето тоа се одвиваше од ден на ден:
🔹 20 јануари – На денот на инаугурацијата, Трамп го користи својот говор за да објави целосен пресврт на трговската политика. Тој најавува воведување царини за странски земји со цел „да се заштитат американските работници“, додавајќи дека САД „ќе напредуваат како никогаш досега“.
🔹 1 февруари – Трамп објави царина од 25 отсто за увозот од Канада и Мексико и дополнителни 10 отсто за кинеските производи.
🔹 3 февруари – Канада и Мексико се договорија со Вашингтон за едногодишно одложување на американските царини.
🔹 10 февруари – Трамп најави воведување на царини од 25% за целиот увоз на челик и алуминиум во САД.
🔹 4 март – Белата куќа воведува дополнителни царини за кинескиот увоз.
🔹 12 март – Стапуваат на сила царините од 25 отсто на Трамп за челик и алуминиум.
🔹 26 март – Се најавуваат нови царини од 25 отсто за увоз на автомобили и автоделови во САД. Имплементацијата започнува на 2 април.
🔹 2 април – Трамп објави дека САД ќе воведат „реципрочни царини“ за голем број светски земји и универзална царина од 10% за сите други увозни производи.
🔹 5 април – Стапува во сила „основната“ царина од 10% за сите увозни производи кои не се конкретно регулирани.
🔹 9 април – Специјалните тарифи за околу 60 земји – кои Белата куќа ги нарекува „најголеми престапници“ – стапуваат на сила. Во истиот ден, Трамп најавува 90-дневна пауза за сите други земји, освен Кина. За Кина, тарифите се зголемуваат до 125%.
🔹 10 април – Европската унија ги става во мирување контрамерките против САД поради 90-дневната американска пауза.