Погледнете ги купчињата пари запленети од грчката европратеничка Каили
Слика од пари, наводно запленети за време на рациите во истрагата за корупција во Катар, се прошири во вторникот попладне откако белгиските медиуми „Кнак“ и „Ле соар“ ја објавија сликата.
Изданијата тврдат дека околу 600.000 евра биле откриени во домот на поранешниот италијански европратеник Пјер Антонио Панцери, додека повеќе пари биле запленети од таткото на грчката европратеничка Ева Каили, како и во домот на Каили и нејзиниот партнер Франческо Џорџи во Брисел.