Поглаварот на МПЦ ќе ги споменува медицинските лица во молитвите


Унијата на Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ минатата недела остварила средба со архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, каде архиепископот дал целосна поддршка на овие професии. Унијата на ЗМСТАС пак изрази благодарност што медицинските сестри ќе бидат спомнувани во неговите молитви.

– Поминуваме низ многу тежок период кој долго трае и ќе трае. Ние самите најдобро знаеме низ што поминуваме и како се чувствуваме со оваа состојба на работните места, а посебно во ковид центрите. Се ќе помине, и тешкото и маките, но ѕвездите ќе останат. Затоа ајде заеднички да ја подигнеме свеста и да се грижиме едни за други. Да се стремиме кон доброто, да се свртиме кон надежта и да се сплотиме во мир во ова тешко време, се наведува во соопштението на Унијата на ЗМСТАС.