Погба сака да го напушти Манчестер Јунајтед, тврдат во Франција


Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, сака да ја напушти екипата и да премине во Реал Мадрид кај својот сонародник Зинедин Зидан, пренесе француски „Паризиен“.

Според списанието, главната причина се амбициите на клубот. Шансите на „Црвените Ѓаволи“ да се квалификуваат за Лигата на шампионите не се многу големи, и ова го навело Погба да погледне кон Мадрид.

Играчот од средниот ред беше меѓу првите во соблекувалната на тимот, кој велеше дека нивните цели се повисоки.

Исто така, од изданието тврдат дека неговата врска со Оле Гунар Солскјер се влошила.

Интересното е дека откако Норвежанецот го презеде водството, светскиот шампион со Франција игра одлично и во 19 натпревари под негово водство тој постигна 9 гола и 7 асистенции.