Погба ќе потпише нов петгодишен договор со Манчестер јунајтед

Англија– Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба ќе го продолжи договорот со клубот, објави „The Sun“.

Според британскиот медиум, 27-годишниот Французин ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“ со важност од пет години.

Се наведува дека надминати се недоразбирањата и играчот повеќе не сака да го напушти клубот.

Во сезоната 2019/20, Погба одигра 15 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна еден гол и забележа четири асистенции. Францускиот фудбалер го пропушти најголемиот дел од сезоната поради проблеми со глуждот.